Балкан x-faktor-adria

12 мај, 2015

Последната епизода од „Х фактор“ вечерва во 22 часот

Вториот дел од фазата „Домовите на судиите“, којшто заради прогласениот ден на жалост во неделата не се емитуваше во Македонија, ќе имате можност да го погледнете вечерва со почеток од 22 часот на телевизија „Сител“. Во оваа последна епизода пред да започнат финалните вечери во живо, беа избрани и преостанатите 6 финалисти од категориите момчиња и групи, чии ментори се Александра Ковач и Тончи Хуљиќ. Како што ви пренесовме вчера, (засега) единствениот натпреварувач од Македонија е Давид Темелков, но можност да се врати во натпреварот ќе има и еден од 12-те кандидати кои отпаднаа во оваа фаза, меѓу кои и нашите Боби Мојсоски и Алмир Исмаили. 

„Мило ми е што добив толку голема поддршка од сите вас и ви благодарам од сè срце. Во претходните настапи дадов дел од својата душа преку песните кои ги пеев. Без разлика што ќе биде во иднина, мене ВИЕ сте ми тие најбитните, публиката за која пеам и ви благодарам што сте ми мотивација, инспирација и извор за позитивно расположение. Ве сакам!“, порача Боби.

За да ги вратите назад, гласајте преку апликацијата „Вајлд карта“ на фан страницата на „Самсунг Македонија“, но можете да гласате само еднаш и само за 1 кандидат. Гласањето ќе трае сè до 17 мај, кога ќе започне последната фаза од натпреварот – финалните вечери во живо. Кандидатот со најголем број гласови ќе се врати во игра како тринаесетти натпреварувач, а неговото/нејзиното/нивното име ќе биде откриено на самиот почеток од емисијата.

И.Ј.



Врати се горе ↑