Концерт

13 јуни, 2016

Последна шанса да си купите влезници за концертот на Енрике!

Уште само една недела нè дели од големиот концерт на Енрике Иглесијас, кој за првпат ќе настапи пред македонската публика в понеделник, 20 јуни, во СЦ „Борис Трајковски“. Поголемиот дел од влезниците се веќе распродадени, па затоа организаторите од „Авалон продукција“ порачуваат да побрзате и да си набавите влезници навреме!

Сакаме да Ве информираме дека од денес ќе бидат во продажба последните 700 билети за концертот на Енрике Иглесијас во Скопје. После распродавање на овие 700 места на трибините, концертот ќе биде и официјално распродаден. Доколку сакате да присуствувате на ова шоу – побрзајте! Последните влезници се во продажба!“, соопштија од продукцијата.

Цените на влезниците се движат од 1.500 до 3.100 денари, а истите можат да се набават во продажната мрежа на Купи карти за сè и „Тикет плус“, како и онлајн на www.kupikartizase.com и www.ticketplus.mk.

13435449_1295966667098024_3808877694183583361_n



Врати се горе ↑