Македонија

16 јануари, 2017

Последен поздрав за маестро Саша Николовски – Ѓумар

На 14.1.2017 година, ненадејно почина маестро Саша Николовски – Ѓумар, редовен професор на Факултет за музичка уметност – Скопје. Проф. м-р Саша Николовски – Ѓумар ќе заземе значајно место во македонската музичка историја, а Македонија и македонската музичка сцена изгубија голем уметник, музичар и  човек.

Комеморацијата во негова чест ќе се одржи на 18.01.2017 година (среда), во салонот на Македонската опера и балет, со почеток од 11.00 часот. Посмртните останки ќе бидат изложени од 13.00 часот во капелата на градските гробишта Бутел, а погребот ќе се изврши во 14.00.



Врати се горе ↑