Балкан

3 август, 2018

„После тебе“ – Андреј Миске во дует со бугарската колешка Елица

Уште еден македонски изведувач се обидува да направи кариера надвор од Македонија, овој пат на музичката естрада кај источниот сосед – Бугарија. Имено, најавеното видео и песната  „След теб“ (После тебе) во изведба на македонскиот рапер Андреј Миске и екстравагантната бугарска пејачка Елица конечно ја доживеа својата премиера.

На својот официјален профил на Фејсбук, Миске им се заблагодари на сите кои учествуваа во создавањето на новиот сингл кој несомнено претендира да биде балкански летен хит, а веќе наголемо се врти како на „Фен ТВ“, така и на останатите популарни бугарски музички ТВ канали.

Како што претходно истакна Миске, спотот е во режија на Христо Кавалов од Пловдив, а истиот е снимен на неколку атрактивни локации во Несебар. Како изгледа и звучи оваа македонско-бугарска соработка дознајте во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑