Балкан vladogeorgiev

25 април, 2013

После шест години нов албум од Владо Георгиев

Кантавторот Владо Георгиев на 1-ви јуни концертно ќе го претстави неговиот трет албум „Даљина“, на кој ќе се најдат 12 нови песни, на кои пејачот работел во последните шест години, а ќе ги отпее во една од најдобрите концертни сали во Австрија, чиј капацитет е 8000 места, пренесуваат српски Новости.

„Албумот ’Даљина’ го работев онака како што се чувстував“ – изјавил Георгиев, објаснувајќи зошто му беа потребни толку години за да го сними. „Не трчам за пари, ниту за концерти. Во моментот кога ќе бидам потполно задоволен од сработеното, тогаш го претставувам материјалот пред јавноста. Виена ќе биде првата станица на турнејата по повод излегувањето на новиот албум и за прв пат во кариерата ќе промовирам нови песни во странство.“ 

Владо ја претстави првата песна од новиот албум во ноември, минатата година, а тоа беше демо снимката од „Реци не или да“, а за насловната нумера од албумот соработуваше со неговата колешка Александра Радовиќ, која ги отпеа придружните вокали. Во продолжение слушнете уште една од новите песни кои ќе се најдат на „Даљина“, а тоа е нумерата „Живим сад“.

Извор: Novosti.rs

 

 



Врати се горе ↑