Македонија

16 мај, 2018

После милион прегледи на „Километри“, наскоро нова песна од Лозано

Десетгодишнината од почетокот на својата кариера Влатко Лозаноски веќе одлично ја одбележува со мегахитот „Километри“, кој за нешто повеќе од месец дена собра милион прегледи на Јутјуб, а наскоро ќе слушнеме уште една песна од претстојниот, трет по ред студиски албум на кичевскиот славеј, симболично насловен „Десет“.

Thank you 😘😘😘#Kilometrihttps://youtu.be/ibi5Acfecc4

Gepostet von Lozano – Vlatko Lozanoski am Sonntag, 13. Mai 2018

 

Имено, Лозано неодамна објави фотографија со девојка стуткана в кревет, која веројатно е главната улога во видеото за новиот сингл, па нам ни останува да си претпоставуваме дали ќе стане збор за уште една емотивна балада од познатиот пејач.

Gepostet von Lozano – Vlatko Lozanoski am Samstag, 12. Mai 2018

 

Во меѓувреме, за огромниот успех на „Километри“ зборува и фактот што песната ќе си добие и своја верзија на српски јазик, но ќе ја отпее неговата колешка Тијана Дапчевиќ. Таа ја откри веста во неодамнешното издание на нејзината емисија на „1 ТВ“, каде што разговарајќи со гостинката Марија Шерифовиќ, потврди дека веќе се работи и на сценариото за екранизацијата, чија реализација ќе биде во рацете на „Би-ем-џеј медија груп“ (BMJ Media Group).

Исто така, наскоро се очекуваат и повеќе детали околу славеничкиот концерт по повод 10-годишниот јубилеј, за кој засега се знае само дека ќе се случи наесен. Додека го очекуваме новиот сингл на Лозано, уживајте со изведбата во живо на „Километри“, снимена за време на неодамнешното гостување во емисијата „Еден на еден“.



Врати се горе ↑