Аудио

18 мај, 2018

После 20 години, „Нокаут“ и „Авалон“ се враќаат на исто место

„Големо е задоволството кога во годината на јубилеи констатираш дека има уште еден јубилеј“, вака „Авалон продукција“ го започна соопштението за најновиот во низата роденденски концерти за годинава. Станува збор за славеничкиот концерт на нивните некогашни ексклузивци – групата Нокаут“, кој ќе се одржи на 27 октомври во СРЦ „Кале“, истото место каде што популарниот бенд го одржа својот прв голем концерт, исто така во организација на Авалон.

Како што велат од „Нокаут“ пак, повод за концертот е и промоцијата на нивниот нов, четврти по ред студиски албум, кој го најавија и со одличната соработка со Игор Џамбазов за темата „Што бараш ти во мојата песна“.

1998 година, СРЦ Кале беше местото на кое заедно со Авалон Продукција собравме армија фанови на нашиот прв концерт….

Gepostet von Nokaut Unplugged am Mittwoch, 16. Mai 2018

 

Групата минатата година го одбележа и јубилејот од 20 години од основањето, а во рамките на прославата одржаа голем број концерти низ Македонија. Повеќе детали за претстојниот концерт ќе бидат соопштени в понеделник, на 21 мај. Догогаш уживајте со новиот сингл „Што бараш ти во мојата песна“, чии автори се лидерот на бендот, Никола Перевски, кој се потпишува на музиката, стиховите се на Игор Џамбазов, а аранжманот го направи Дарко Димитров, во чие студио е и снимена песната.

 

 



Врати се горе ↑