Настани b0b3f558-3231-446b-8442-d622e2ac4c41

4 јули, 2015

Поради огромниот интерес и во чест на јубилејот, продолжува промотивната акција на „Д фестивал“

На наше задоволство и за радост на сите оние кои изминативе денови постојано ни испраќаа пораки со прашања за истекот на рокот, во чест на скромниот петти јубилеј, „Д ФЕСТИВАЛ“ ја продолжува промотивната, како и студентската „4+1“ акција, велат организаторите. Имено, поради извонредниот интерес и на барање на голем број фанови кои не стигнаа до 1. јули да ги обезбедат своите влезници за „Д ФЕСТИВАЛ“, по распродажбата на првиот, промотивната цена и студентската акција 4+1 продолжуваат да важат и за вториот контингент влезници! Во продажба се достапни уште една количина од ограничен број влезници за кои оваа акција продолжува да важи сѐ до нивната распродажба. Сите студенти добиваат уште една прилика да ги комплетираат своите екипи за единствената фестивалска понуда ова лето. Во рамки на студентската акција „4+1“ секоја екипа од четворица која заедно ќе ги купи своите влезници за „Д фестивал“, ќе добие петта влезница гратис за уште еден член на друштвото. Оваа акција се однесува на тридневните влезници со гратис камп кои истотака сѐ уште ќе се продаваат по промотивната цена од 600 денари, додека еднодневните влезници чинат 250 денари за петок (17 јули) и сабота (18 јули), а 350 денари за недела (19 јули). Влезниците за ова исклучително фестивалско доживување кое ќе се одвива од 17 до 19 јули во Дојран, се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс.

 

За незаборавно петто издание на „Д ФЕСТИВАЛ“, само во рамки на музичката програма своето присуство веќе го потврдија десетици изведувачи кои ќе настапат на трите сцени на фестивалот, а оваа листа вклучува актуелни светски музички ѕвезди, заедно со бројни реномирани изведувачи од сите жанрови, од Македонија, но и од регионот. „Д ФЕСТИВАЛ“ годинава ќе ги пречека Ману Чао Ла Вентура, Вилкинсон, Кирил Џајковски и Ти-Кеј Вондер, „Бед копи“, „Електрични оргазам“, „Фолтин“, „Љубојна брас фантази“, „Фулиш грин“, „Пи-ем-џи колектив“, „Поинт бленк“, „Новиот почеток“, „Џун“, „Баилдса“, „Оратница“ и многу други. Покрај музичката програма на „Д ФЕСТИВАЛ“ од 17 до 19 јули во Дојран нѐ очекува и атрактивна дополнителна програма која изобилува со различни активности.

Непосредно пред „Д ФЕСТИВАЛ“, се организира прскање против комарци во Дојран
За дополнителна гаранција дека посетителите на „Д ФЕСТИВАЛ“ ќе ги имаат сите услови за вистинско летно фестивалско уживање, годинава се спроведуваат различни акции и иницијативи од сите аспекти и финеси кои се чинеа важни за незаборавен провод во прекрасниот Дојран. Имено, два дена пред одржувањето на „Д ФЕСТИВАЛ“, на територијата на општина Дојран ќе се изврши авионско прскање против комарци со висококвалитетен инсектицид, за кој од општината потенцираат дека не е штетен за луѓето, почвата и растенијата и не ја загадува водата.

Кампот на „Д фестивал“ ќе биде отворен ден пред официјалниот старт на музичката програма, односно на 16 јули, а за време на четирите дена на прекрасното дојранско крајбрежје, покрај музичката програма, во кампот на „Д фестивал“ нѐ очекува возбудлива и богата дополнителна програма и зипувана понуда од театар, фестивалско кино, изложби, перформанси, дебати, граѓански активизам, готвење, поезија, спорт…. Екипите на „Пасворд“ и „Антена 5“ го подготвија теренот за највозбудливото доживување летово, Дојран е подготвен, езерото најполно, Сонцето сука ракави, сѐ е подготвено и сѐ е најубаво! Се гледаме во Дојран.

Организиран автобуски превоз од повеќе градови во Македонија
За посетителите на Д ФЕСТИВАЛ во продажба се достапни и пакетите со организиран автобуски превоз кои ќе се спроведува од повеќе градови низ Македонија и тоа од Скопје, Велес, Куманово, Штип, Кочани, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Битола и Охрид. Продажните места за овие пакети во секој од градовите се објавени на овој линк, а во посочените продажни места ќе ги најдете сите информации за цените и термините за патување.

На сајтот dfestival.mk како и на mktickets.mk можат да се најдат сите информации за влезниците и организираниот превоз, а за постојано да сте во тек со последните новости за Д ФЕСТИВАЛ задолжително следете ја официјалната фан страница на Фејсбук.

Досега објавена програма за Главната бина и „Москито стејџ“ на „Д ФЕСТИВАЛ“:

MAIN STAGE

17 јули 2015
FURION
НОВИОТ ПОЧЕТОК
КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ
POINT BLANK
ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ

BAD COPY
WILKINSON

18 јули 2015
FOOLISH GREEN
ZAA
PMG KOLEKTIV
ФОЛТИН
LJUBOJNA BRASS FANTASY
KIRIL DJAIKOVSKI ft. TK WONDER
ANTENNA 5 DJs

19 јули 2015
DRUM`N BRASS Trio
BLLA BLLA BLLA
BAILDSA
MANU CHAO LA VENTURA

MOSQUITО STAGE

18.07. – сабота
SWATOVSKI
PROJECT 2501
SMOKE SHAKERS
ORATNITZA
RETRO CABARET

19.07. – недела
АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВСКИ
JUNE
TV RAGE
BROOKA BAND



Врати се горе ↑