Концерт NOKAUT - GRUPNA - Cmyk

11 декември, 2014

Поради големиот интерес, „Нокаут“ најавија уште еден концерт

Една недела пред неодамна најавениот акустичен концерт на „Нокаут“, билетите се веќе комплетно распродадени, така што момците од бендот решија да им излезат во пресрет на сите фанови закажувајќи уште еден дополнителен термин веќе следната вечер, на 18 декември. Иако од денеска картите за првиот концерт требаше да бидат за 100 денари поскапи, за вториот ќе остане старата цена, односно 400 денари блок, 500 денари партер и 600 денари ложа, а истите можат да се набават преку продажните мрежи на „Одмори се“ и МК Тикетскако и на билетарата на Универзална сала.

И втората вечер гости на концертот ќе бидат Игор Џамбазов, „Ласт експедишн“, Мио од „Д.Н.О.“ и Тони Зен.



Врати се горе ↑