Настани image-5061bc0cf1ae1e9aa33072df81fdef3e3097a522e1c92e6a77e7068273f22d28-V

20 јуни, 2014

Попатно „селфи“ на ѕвездите од X Фактор – Кратово подготвено за Златниот викенд

Денеска започнува фестивалот „Кратовски Златни Денови 2014“, кој ќе трае до 22 јуни. Вечерва на главната сцена ќе настапат Тајфата, по нив Љубојна, а јагодата на вечерната програма се ѕвездите од Х Фактор, т.е. Даниел, Тамара, Доктори и Маид. Патувајќи кон Кратово, финалистите од регионалното издание на најпознатиот музички натпревар во светот направија неколку „селфи“ фотографии кои можете да ги видите во прилог.

Покрај главната сцена, на сцената на базенот вечерва ќе настапат диџеите Бабура, Бранчез и Боби. 

Утре програмата на главната сцена, пред платото на Општина Кратово продолжува со настап на 6 европски состави, кои ќе настапат на Евроспкиот фестивал во Тамбура, а по нив ќе се претстави составот Оџила од Србија. На базенот пак, одговорен за забавата за најмладите е диџеј Шорти Пи.

Неделното попладне е резервирано за Златните славејчиња. Во текот на саботното и неделното поладне на сцената пред Музејот свои настапи ќе имаат локални бендови и диџеи.



Врати се горе ↑