Видео 616

16 ноември, 2015

Помилувани 11-те натпреварувачи на петатта гала „На иста адреса“

Поради дисциплинската казна за непочитување на правилата, на натпреварувачите од вилата ‪#‎НИА им беше одземено правото да работат со своите ментори, а тоа видно се одрази на нивните настапи. Покрај губењето на часови, натпреварувачите вчера вечер имаа и задача сами да се погрижат за нивниот изглед. Поради целава ситуација, критиките од жирито во состав Роберт Билбилов, Весна Бејби Петрушевска и Ѓоко Таневски, беа повеќе од очекувани. Тие првите пет настапи, односно настапите на Валери, Марио, Вики, Игор и Стефан ги прогласија за досадни и приспивни. Вики, Игор и Стефан добија и сериозни критики од Боки 13 за нивниот стајлинг. Монотонијата ја разби настапот на Зои, која го разигра жирито и патем беше првата која доби четири 10-ки.

Вечерта продолжи со втората петка, која беше изненадувачки подобра. Позитивни коментари за Марија, Иле, Александра, Алмир и Миа. Прв пат беа исполнети и критериумите на Боки 13, кој го прогласи настапот на Марија за феноменален, комплетен во секоја смисла. Поради условите кои беа наложени, жирито им даде уште една шанса и ги помилува 11-те натпреварувачи, односно вечерта заврши без исфрлање. Дали натпреварувачите ќе ја научат лекцијата од петатта гала останува да видиме. #НИА

 



Врати се горе ↑