Концерт pvd

15 мај, 2015

Пол Ван Дајк главна ѕвезда на „Скопје гори 2015“

Хедлјнер на овогодинешниот фестивал „Скопје гори“ ќе биде еден од најголемите диџеи на сите времиња – неговото височество Пол Ван Дајк (Paul Van Dyk), јавуваат од „Авалон продукција“. Фестивалот „Скопје Гори“, на кој досега настапиле едни од најголемите музички имиња како „Масив атак“, Били Ајдол, „Хртс“, „Орбитал“, „Паблик енеми“ и други, оваа година на својата звучна листа на светски изведувачи ќе го запише и Пол Ван Дајк, кој во рамките на својата светска турнеја, покрај големите хитови, го промовира и својот нов албум, воедно и продолжение на неговиот најуспешен албум „The Politics Of Dancing 3“ .

Пол Ван Дајк е германски диџеј, музичар и продуцент. Како еден од првите вистински суперѕвезди меѓу диџеите, Пол Ван Дајк е првиот уметник кој успеа да добие Греми номинација за новата, а сега веќе престижна категорија Најдобар албум за денес/електроника за неповторливиот „Reflections“ од 2003 година. Прогласен е за светски број 1 диџеј во 2005 и 2006 година, нешто што на малку диџеи му успеало досега. Со продадени повеќе од 5 милиони албуми низ целиот свет, Пол Ван Дајк е еден од најуспешните диџеи на сите времиња.

Фестивалот традиционално ќе се одржи на Скопско кале на 16 јули. Сите информации околу продажбата и цената на влезниците дополнително ќе бидат објавени.

www.facebook.com/paulvandyk

www.twitter.com/paulvandyk

www.youtube.com/paulvandyk

www.instagram.com/paulvandyk

www.soundcloud.com/paulvandykofficial



Врати се горе ↑