Свет paul-mccartney-photo

23 октомври, 2012

Пол Макартни во студио со Марк Ронсон

Поранешниот член на легендарните Битлси, Пол Макартни по само 8 месеци од објавувањето на неговиот последен албум „Kisses on the Bottom”, повторно е во студио снимајќи нов материјал кој, како што изјави продуцентот на Кингс оф Лион – Итан Џонс, ќе биде во неговиот класичен препознатлив стил. Покрај Џонс, Макартни одлучи да соработува и со продуцентот Марк Ронсон, кој е познат и по соработката со Ејми Вајнхаус за хитот „Валери“, а продуцираше и за Адел, Лили Ален, Кристина Агилера и други. Сè уште не е официјално дали материјалот што се подготвува во студиото во Њујорк ќе биде ставен на албум или пак во некоја друга форма.

Во меѓувреме, Макартни е сè уште актуелен со неговата песна „My Valentine”, особено популарен е видео записот кој го режираше самиот тој и во кој се појавуваат актерите Џони Деп и Натали Портман интерпретирајќи го текстот со помош на знаковниот јазик на глувонемите.

 



Врати се горе ↑