Аудио pm

14 септември, 2014

Пол Макартни сними песна за новата игра на „Плејстејшн“

Британскиот музичар Пол Макартни ја направи музиката за новата игра „Destiny“ за платформата „Плејстејшн“ и „Ексбокс“, која на 9 септември заеднички ја објавија компаниите „Банџи“ и „Активижн“. Како насловна тема од саундтракот за оваа видео игра деновиве беше претставена песната „Hope For The Future“, која можете да ја слушнете во продолжение.

 

 

Музиката за оваа игра се создаваше во текот на изминатите неколку години во Њујорк, Лос Анџелес и познатото лондонско студио „Еби роуд“, а покрај Макартни на играта работеа и Марти О’Донел, кој во тоа време бил ангажиран како композитор во компанијата „Банџи“ и Мајк Салватори. Макартни ја напишал главната тема која е снимена во студиото „Еби роуд“, заедно со голем оркестар диригиран од Џајлс Мартин (синот на славниот продуцент на Битлси, Џорџ Мартин), додека за продукцијата бил задолжен Марк „Спајк“ Стент.

Покрај насловниот сингл за кој бил задолжен некогашниот басист на Битлси, оригиналната музика од играта во времетраење од 50 минути ја потпишуваат Макартни и композиторот Салватори. Промотивниот трејлер за „Destiny“ можете да го погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑