Свет paul-mccartney-photo

18 јули, 2014

Пол Макартни: „Ќе се пензионирам кога ќе посакам“

Иако е во осмата деценија од својот живот, легендарниот британски музичар Пол Макартни нема намера да се пензионира во скоро време. Имено, во неодамнешно интервју за магазинот Ролинг Стоун, 72-годишниот музичар изјавил: „Ќе се пензионирам кога ќе посакам. Но тоа нема да биде денес.“

Поранешниот член на Битлси зборувал и за репертоарот на актуелната светска турнеја „Out There“, во чии рамки го промовира и новиот материјал од последниот, шеснаесетти по ред студиски албум „New“, кој го објави минатата година: „На концертите свириме и нов и постар материјал бидејќи сакаме да ги задоволиме вкусовите на целата публика“, рекол Макартни додавајќи: „Иако луѓето често ме прашуваат зошто се грижам за тоа, сепак сакам публиката да биде задоволна и да ги слушне своите омилени хитови од кој било период“.

Музичарот неодамна објави реизданија на пет од неговите класични албуми како апликации за iPad. Покрај оригиналните албуми, апликациите вклучуваат и дополнителен материјал како што се ремастерирани аудио снимки, интервјуа, фотографии и документарни видеа, а на почетокот на месецов го објави и видео записот за темата „Early Days“, во кој повторно се појавува неговиот пријател, актерот Џони Деп.

 

 



Врати се горе ↑