20 мај, 2014

Пол Макартни го претстави видео записот за „Appreciate“

Легендарниот британски музичар Пол Макартни деновиве го претстави видео записот за песната „Appreciate“ која се најде на неговиот шеснаесетти по ред студиски албум „New“, објавен во октомври минатата година. Овој четврт сингл од актуелното издание доби интересен видео запис, а на познатиот музичар друштво му прави роботот Њуман, кој работи како „обезбедување“ во „Музејот на луѓе“. За режијата бил задолжен Андре Кокрон, а снимањето се одвиваше во Лондон. Њуман е дело на Мервин Милар и Ед Димблби, а е сопственост на Significant Objects Ltd.



Врати се горе ↑