Аудио paul-mccartney

31 август, 2013

Пол Макартни го најави новиот албум со „New“

Поранешниот член на легендарниот британски бенд Битлси, 71-годишниот Пол Макартни уште минатата година го најави неговиот нов студиски албум, а деновиве пристигна и првиот сингл насловен „New“. Песната која ќе се најде на истоимениот шеснаесетти по ред студиски албум, потсетува на најголемите хитови од славните почетоци на популарната четворка од Ливерпул, а продукцијата ја потпишува британскиот продуцент Марк Ронсон.

Покрај Ронсон, на претстојниот албум како продуценти се потпишуваат и Итан Џонс, Џајлс Мартин и Пол Епворт. Макартни изјавил дека секој од продуцентите дава посебен придонес кон песните: „Албумот е доста разновиден, а песните се различни една од друга. Јас всушност сакав да направам по една песна со секој од нив и да видам со кој ќе се согласам најдобро, но на крајот решив да соработувам со сите бидејќи ми се допадна тоа што го придонесуваат во секоја песна.“

Албумот е закажан за средината на октомври, а како звучи насловната тема можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑