Настани

14 мај, 2019

Пол Калкбренер главна ѕвезда на јубилејниот „Грин бич фестивал“

Еден од водечките продуценти на денешницата, симболот на Берлин како светска престолнина на современата електронска сцена – Пол Калкбренер го предводи јубилејниот, 10. по ред „Грин бич фестивал“!

Неповторливиот уметник, на кој му успева да биде врвен и на андерграунд и на мејнстрим-сцената во исто време, во Македонија доаѓа за првпат на 1 август, како главна ѕвезда на првиот ден од дводневниот фестивал.

View this post on Instagram

Еден од водечките продуценти на денешницата, симболот на Берлин како светска престолнина на современата електронска сцена – Paul Kalkbrenner го предводи јубилејниот #GreenBeachFestival! 🙌😎 Неповторливиот уметникот на кој му успева да биде врвен и на андерграунд и на мејнстрим сцената во исто време, пристигнува за прв пат во Македонија, на 1-ви август во Струга! 💥 #GBF10 #GreenBeach #musicfestival #paulkalkbrenner #summerparty #bestparty #struga #electronicmusic

A post shared by Green Beach Festival (@greenbeachfestival) on

За Илинден, на 2 август ќе настапат веќе најавените швајцарски диџеи Адријан Шала и Адријан Швајзер, кои заеднички настапуваат како „Адријатик“.

Забавата и годинава ќе се одвива кај хотелот „Еуротел“ во Струга, а повеќе изведувачи ќе бидат најавени наскоро.



Врати се горе ↑