Настани 58702e1b-0a1a-453b-b6cb-cb57d835442b

21 ноември, 2015

Погледни го официјалниот трејлер за „Егзит авантурата“ и откриј зошто е магична!‏

Најповолните влезници достапни од 4 декември на пладне

Егзит авантурата“ и следното лето ги води луѓето од целиот свет на најголемото фестивалско летување во Европа, од Петроварадин до Јаз, а верните фанови и оваа година ќе имаат прилика за влезниците со најголем попуст! Фестивалот „Егзит“ ќе се одржи од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина, по што забавата ќе продолжи на плажата Јаз покрај Будва, на третиот по ред фестивал „Си денс(Sea Dance) од 14 до 16 јули. Атмосферата од „Егзит“ и „Си денс“ фестивалите во странските и домашните медиуми, како и според впечатоците на публиката и изведувачите е до толку посебна што често е означена како магична – а поради тоа и овогодишната тема е токму Exit Magic (Егзит Магија), симбол за емоцијата која ја чувствуваат сите кои се впуштиле во „Егзит авантурата“. Чувството на љубов кон слободата и музиката, чувството кое може да го промени светот на подобро. Во рамки на најавата за следното издание на „Егзит авантурата“, која ќе донесе бројни иновации во различни сегменти и ќе привлече луѓе од сите краишта на планетата, е објавен и официјалниот трејлер за публиката од целиот свет:

 

Најповолни влезници за „Егзит авантурата“ од петок, 4 декември!

Најповолните влезници ќе бидат достапни веќе во петок 4 декември, точно на пладне, по цена од 3.599 денари, што претставува заштеда од дури 60% во однос на финалната цена на целиот пакет за „Егзит авантурата“! Оние кои ќе ги купат четиридневните влезници за „Егзит“ во рамките на декемвриската акција, ќе добијат и подарок влезница за фестивалот „Си денс“, која потоа е неопходно да ја регистрираат во периодот од 1 до 31 март на www.exitfest.org.

Бројот на промотивните влезници е строго ограничен, а во Македонија овие влезници ќе бидат достапни преку МКтикетс.

На 4 декември на пладне, исто така во продажба ќе се најдат и ограничениот број влезници само за фестивалот „Си денс“, по цена од 2.220 денари, што е дури 60% заштеда во однос на финалната цена!



Врати се горе ↑