Настани 60aaed85-6d63-40d8-8e9d-1507d41383f5

26 јуни, 2015

Погледни го миксот од најголемите хитови на овогодишната „Егзит“ авантура и освој вредни награди!‏

Овогодишната програма на „Егзит“ авантурата е една од најсилните и најактуелните во изминатите 15 години од првиот „Егзит“ одржан на Петровадаринската тврдина. Во прилог на тоа говори и фактот дека, како никогаш досега во една година, програмата на „Егзит“ од 9 до 12 јули, односно фестивалот „Си денс“ од 15 до 18 јули, е сочинета од хедлајнери кои сите повеќекратно ги освојувале првите места на најважните светски топ листи. До самиот врв на листата за најдобри синглови и албуми стигнуваа во низа Емели Санде, „Продиџи“, „Феитлес“, Роишин Марфи, „Моторхед“, „Рудиментал“, Џон Њуман, Том Одел, „Клин бандит“, Мартин Гарикс, Сигма, Лефтфилд и Оливер Хелденс, додека своето место во првите 10 го забележаа и Милки Ченс, „Капитал ситис“, Голди, Рони Сајз, Вилкинсон, Клангкарусел и други. А да, тука е и човекот кому топ листите не му се потребни за да има десетина хитови кои публиката хорски ќе ги пее на 11 јули на Егзит – Ману Чао!

Емели Санде и „Продиџи“ дури и соборуваа рекорди кои уште одамна ги поставија недопирливите „Битлси“! Емели така се задржа вкупно најмногу недели на првото место со дебитантскиот албум „Our Version of Events“, додека последниот албум на групата „Продиџи“, беше воедно и нивниот шести по ред на првото место на листата за најдобри албуми.  Два рекорда кои никому уште од Ленон, Макартни, Харисон и Ринго не му појдоа од рака! Џон Њуман секој сингл го претвора во злато, било да се тоа неговите соло хитови или гостувања со составот „Рудиментал“ или Калвин ХарисХардвел веќе две години суверено владее на „Топ диџеј маг 100“ ранг листата, додека пак на алтернативната електронска листа на „Резидент Адвајзор Топ 100“, истотака две години по ред на првото место е германскиот ас Диксон. Оние подобро упатените предвидуваат дека следната година нив ќе ги заменат токму Гарикс, односно „Тејл оф ас“ (Tale of Us).

И сите тие се на програмата на овогодишната „Егзит“ авантура која пред 33.000 луѓе во Белград ја започна Роби Вилијамс, најнаградуваниот британски и еден од најбараните светски пејачи на сите времиња!

 

За сите кои сакаат да учествуваат во наградната игра, доволно е да одат на „Фејсбук“ страницата на фестивалот „Егзит“ и да го споделат ова видео со своите пријатели. Повеќе информации тука.

Програмата за 15. роденден на „Егзит“ и вториот по ред, а веќе награден фестивал „Си денс“, дополнително ја засилуваат култните претставници на различни жанрови и генерации, како што се Крис Либинг, Адам Бејер, „Иглс оф дет метал“, Никол Моудабер, „Фир фактори“, Зомбој, Џејмс Забиела, Ким Ан Фоксман, „Напалм дет“, „Флајт фасилитис“, „Сајмиан мобајл диско“, „Ноисиа“, „Вајс сквод“, Бондакс, „Нуклиар асолт“, „Одесза“, Терор, „Клокворк & аватизм“, Енеи, „Бас мој“, Дорли и бројни други. Домаќините од целиот регион оваа година се здружени во репрезентацијата спремна за гостите од целиот свет, а програмата ја предводат „Дубиоза колектив“, „Ху си“, „Хладно пиво“, „Рамбо Амадеус“, „Зостер“, Марко Настиќ, Дејан Милиќевиќ, Каролина, Артан Лили, Душко Гојковиќ, „ККН“, „Бркови“, „Киша метака“, „Ајсбрн“, „Хај5“, „Феуд“, „Коља и Гробовласници“, „Диско нот диско“, „Ничим изазван“, „Урбан & 4“, „Вулфрам“, Филип Ксави, Лаг, Кристијан Молнар, „Кодекс“, „Бијонд хаус“ и уште многу други за вкупно над 1000 уметници од Петроварадин до Јаз, за време на повеќе од 10 дена фестивалско летување!

Влезници по старата цена само до 30. јуни!

Влезниците за „Егзит“ ќе чинат 3.599, за „Си денс“ 2.550 денари и 4.299 денари за целата „Егзит Авантура“, само до 30 јуни, по што нивната следна цена ќе биде поскапа.

Во продажба се достапни и еднодневните влезници за „Егзит“ по цена од 1.520 денари за секој ден поединечно. Овие и фестивалските влезниците се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат) и преку www.mktickets.mk. На www.exittrip.org се продаваат и пакетите кои содржат хостелско и хотелско сместување за вистниско фестивалско летување од 7 до 20 јули, од тврдината до песочната плажа, а кои почнуваат со цена од 99 евра!



Врати се горе ↑