Видео nia6

24 ноември, 2015

Погледнете како помина шестата гала вечер „На иста адреса“

Во неделата се одржа шестата гала вечер „На иста адреса“, во која шоуто претрпи реформи, ново влегување и едно излегување. Натпреварувачите беа оценувани и критикувани од жирито составено од редовните членови Весна Бејби Петрушевска и Боки 13, на кои овој пат им се придружија Тамара Тодевска и Панчо. Според гласовите на публиката, најмала поддршка доби Вики Јованџикова, која е третата натпреварувачка што го напушти натпреварот, но бројката на кандидати повторно останува иста (10) бидејќи новата кандидатка за победа во првото македонско музичко реално шоу е кумановката Ивона Јовановиќ.

Доколку ја пропуштивте минатонеделна шеста гала, истата можете да ја прегледате во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑