11 мај, 2015

Погледнете како ќе изгледа настапот на Даниел на „Евровизија 2015“

Веќе започнаа првите проби за јубилејното 60. издание на „Евровизија“, кое ќе започне на 19 мај во Виена, Австрија. Денеска на евровизиската сцена своите настапи ги вежбаа дел од учесниците од првата полуфинална вечер, меѓу кои и нашиот претставник Даниел Кајмакоски. Како што е познато, пејачот ќе настапи заедно со триото „Мрџ“ составено од поранешни членови на легендарната ар-ен-би група „Блекстрит“, кои ќе имаат улога на придружни вокали, за нивниот изглед ќе се погрижи Ивана Рабреновиќ, а кореографијата и сценографијата ја осмисли Мојца Хорват. Како ќе изгледа сето тоа можете да погледнете од кусото видео горе.

Инаку, Македонија ќе се бори за пласман во финале во првата полуфинална вечер закажана за 19 мај, кога Даниел ќе настапи под реден број 8. Покрај земјите кои учествуваат во оваа вечер, можност да гласаат ќе имаат и жителите на Шпанија, Франција и домаќинот Австрија, како и Австралија, која годинава учествува по повод јубилејот од 60 години, така што ќе може да гласа во сите три вечери. Од земјите од регионот, во првата полуфинална вечер ќе настапат и нашите соседи Србија, Албанија и Грција.



Врати се горе ↑