Видео Alen Hasanovic 01

17 јуни, 2015

Погледнете како изгледал Ален Хасановиќ на првата аудиција во Скопје

Погледнете како изгледал Ален Хасановиќ, потенцијалниот победник во годинешното издание на најпопуларното регионално телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“. Имено, во пресрет на грандиозното супер финале кое е закажано за 4 јули, сопственикот на најголемата српска продукција „Гранд“, Саша Поповиќ во својата емисија ја потсети јавноста на првите аудиции на некои од натпреварувачите. Меѓу нив се најде и нашиот Ален Хасановиќ кој успешно ја помина првата аудиција на 19 август 2014 година во телевизија Канал 5.

Хасановиќ на аудицијата ја изведе македонската легендарна песна „Зајди, зајди“, а го отпеа и хитот „Жал“ од Шабан Шаулиќ. Младиот пејач видеото го сподели на својот профил на Фејсбук и им се заблагодари на пријателите за поддршката. Тој потсети дека оваа сабота се одржува финалето во кое ќе учествува, и повика сите што можат да го поддржат со гласање преку смс.

„Ова беше првата аудиција, а сега сме блиску до последната емисија. Драги мои оваа сабота ќе ми треба најмногу вашата поддршка и гласови за да влезам во главното супер финале, Ви благодарам од срце што цело време неизмерно ме поддржувавте, се надевам дека и овој пат ќе биде така. Јас ви ветувам дека ќе дадам се од себе како и секогаш,и не заборавете дека вие сте единствените кои можете да помогнете да си го остварам својот сон кој долго го сонувам. Ви благодарам уште еднаш од срце бидете ми здрави и живи!! Вашиот Ален“, напиша младиот пејач на својот Фејсбук профил.

 

Саша Поповиќ, кој поради аудициите за новите ѕвезди и ѕвездички деновиве престојуваше во Скопје, изразил желба грандиозното супер финале да се одржи токму тука, во нашата метропола.



Врати се горе ↑