28 февруари, 2017

Погледнете ја видео најавата за мјузиклот „Тајно моја“

Подготовките за долгоочекуваниот мјузикл „Тајно моја“, посветен на нашата музичка легенда Тоше Проески, се при крај, a денес на социјалните мрежи се појави и официјалното видео кое го најавува и големиот проект.

Останаа уште само неколку дена до премиерата која ќе се случи на 10 март во Македонската опера и балет, која воедно е и продуцент на мјузиклот. Покрај победниците од „Кастинг талент шоу“, Антонија Гиговска и Денис Димовски, во видео најавата се појавуваат и Игор Џамбазов, актерката Јана Стојановска, Весна Петрушевка, Александар Тарабунов и други…

Инаку, видеото е во режија на Огнен Шапковски, како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров, ронин оператор е Борис Јосифовски, додека зад продуцентската палка стои Александар Паунвски. Финалното дело е во реализација е на продукцијата „Мелем“.

Поради големиот интерес, билетите за првото премиерно издание се распродадени, па токму затоа се најавува и втора изведба на „Тајно моја“, која ќе се случи на 21 март во 20 часот.



Врати се горе ↑