14 декември, 2012

Погледнете ја „Узбуната“ на Северина

Неодамна хрватската пејачка Северина Вучковиќ го промовираше новиот албум „Добродошао у клуб“, а денеска точно на пладне беше промовиран и видео записот за нумерата „Узбуна“ кој се снимаше деновиве. Пејачката на нејзината официјална фесјбук страница го напишала следното: „Среќна сум што снимивме симпатичен trashy спот во лунапарк за ’Узбуна’, песна од мојот нов албум ’Добродошао у клуб’. Колку уживав на снимањето, се надевам дека ќе уживате и Вие гледајќи го спотот во овие зимски денови кои се пред нас. Ве сакам многу!“

Покрај новиот албум, денеска во продажба е пуштено и дигиталното издание на нејзиниот долгоочекуван албум. Инаку, Северина го сними и дуетот „Танго“ со Жељко Бебек. Ова е нивна прва заедничка соработка по „Растајем се од живота“ во 1998 година. Песната „Танго“ се наоѓа и на албумот на Жељко, и на овој на Северина. Во продолжение преслушајте како тоа звучи.

 

 

 



Врати се горе ↑