23 мај, 2013

Погледнете ја „Старлетата“ на ДНК

Синоќа во салонот на Рено на Аутомотив Груп, Р&Б дуото ДНК го претстави своето трето студиско издание „Срце“, на кое се најдоа 16 нумери, од кои 6 сосема нови. Како прв сингл од овој албум беше претставена песната „Старлета“, чиј видео запис беше премиерно прикажан токму на синоќешната промоција, а Вие можете да го погледнете горе.

Позади музиката и текстот на „Старлетата“ се потпишува Панчо, додека аранжманот го направија Лазар Цветкоски и Koolade. Во продолжение можете да уживате и со oстанатите нови нумери од овој албум, меѓу кои насловната „Срце“, „Опуштено“, „Што сака нека биде“, „Ти си добра девојка“, „Преку к*р“ и „Невина“ во која гостува Гидра од хрватската група Конект, а веруваме дека секоја од нив ќе стане хит.



Врати се горе ↑