8 јуни, 2015

Погледнете ја „Слободната песна“ на Дани

Неодамна објавената „Слободна песна“ на Дани деновиве доби и свој видео запис. Автор на музиката и текстот е Весна Малинова Бабамова, снимањето, миксањето и мастерингот се направени во „Икс-ел студио“ (XL studio) од страна на Дејан Момировски, а во создавањето на композицијата учествуваа и Ѓорѓи Трпковски на гитара, Марио Станковиќ на бас, Гишо Динев на тапани и Бранко Сапламаев на клавијатури.

Позитивна, енергична, оригинална и храбра се епитети кои ја опишуваат Дани како музички артист во 17-те години на сцената, но ова дело текстуално зазема револуционерен став кон себе постоењето, па затоа е поразлично од сè останато. Режисер на видеото за „Слободна песна“ е долгогодишниот соработник на Дани, Огнен Шапковски и „Мелем продукција“. Локацијата е над Нерези, на една фина дива полјана. Атмосферата е мала хипичка комуна.

„Слободна е песната на срцето. Да ја пееме, да ја искажеме таква каква што е“, вели Дани, а како изгледа нејзината „Слободна песна“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑