13 ноември, 2012

Погледнете ја „Револуцијата“ на новосадскиот бенд „Грејт“

Новосадскиот состав „Грејт“ (Grate) го објави видео записот за нивната песна „Револуција“ во која гостува Бранко Голубовиќ Голуб, пејачот на Гоблини. Станува збот за песна од нивниот втор албум, а видео записот го снимија Марко Ристиќ и Александар Камаси.

Бендот е составен од Горан Бег (вокал и гитара), Драган Алимпијевиќ – Пик (гитара), Ненад Патковиќ (бас) и Золтан Шимон (тапани).

Извор: Balcanrock.com



Врати се горе ↑