Свет 130112-bruno-mars-kimmel

13 јануари, 2013

Погледнете ја „реге“ изведбата на Бруно Марс

Американскиот музичар кој додека го снимаше неговиот последен албум, актуелниот „Unorthodox Jukebox“, изјави дека кога ќе влезе во студио сака да го снима тоа што го чувствува во моментот, без разлика за каков жанр или стил станува збор, Бруно Марс деновиве гостуваше во шоуто на Џими Кимел каде што го изведе неговиот голем хит „Locked Out Of Heaven“ со мали измени во аранжманот. Одличниот сингл, чија музика потсетува на онаа од „Roxanne“ од Полис, го отпеа во живо со неговиот бенд, но овој пат со реге призвук. Како и да е, и оваа верзија на популарната нумера звучи одлично, а во тоа ќе се уверите и самите ако ја погледнете следната снимка, а потоа проследете ја и изведбата на нумерата „Treasure“. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑