16 јули, 2013

Погледнете ја „Прекрасна“ од Ѓорѓи Крстевски

Ѓорѓи Крстевски по пауза од три години се врати на музичката сцена, а тоа го направи со песната „Прекрасна“ која ја претстави пред неколку дена. Темата се разбира е комплетно авторско дело на Крстевски, а во подготовката му помогнаа Трајче Давков (саксофон), Благоја Алачки (гитара), Емилија Гиевска (придружен вокал) и Бобан Апостолов кој го направи миксот.

Видео записот за новата песна се снимаше во хотел „Гранит“ во Охрид, под режисерската палка на Даниел Јовески, а по сценарио на самиот Крстевски, кој е во друштво на моделот Анамарија Битракова. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑