18 февруари, 2014

Погледнете ја новата „видео игра“ на Лили Ален

Британската пејачка Лили Ален во ноември минатата година го најави нејзиниот трет студиски албум, а тоа го направи со првиот сингл „Hard Out Here“по кој следуваше преработката на „Somewhere Only We Know“ од бендот Кин, како и „Air Balloon“, кој исто така неодамна доби видео издание. Но, покрај работата на новиот албум, пејачка сними песна за саундтракот од серијата „Девојки“, а изданието насловено „Girls, Vol. 2: All Adventurous Women Do… “ беше објавено на 11-ти февруари. Она што е најинтересно во врска со песната „L8 CMMR“ е нејзиниот текстуален видео запис кој наликува на видео игра, со што овој сè попопуларен формат доби една сосема поинаква димензија.

Како изгледа „видео играта“ за „L8 CMMR“ можете да видите горе, а видео записот за „Air Balloon“ можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑