24 јуни, 2014

Погледнете ја „Мандарината“ на Лозано

Како што вети, Влатко Лозаноски се враќа на музичката сцена со нешто ново и свежо, а што е поубаво од освежувачки летен хит?! Токму таква е новата песна на Лозано, со брз и динамичен поп ритам, романтична лиричност, сензуалност и емоции со кои е исполнет секој стих од песната насловена едноставно „Мандарина“, чии автори се Лазар Цветкоски (музика и аранжман), Магдалена Цветкоска и Милан Коса Миланов (текст).

Мандарина е песна што разиграноста на љубовниот занес го има вткаено во ритамот, во текстот и токму затоа очекувам да биде вистински летен хит. Со нетрпение ги очекувам реакциите на фановите, затоа што многу време, емоции и труд вложивме во нејзиното создавање. Оваа песна е мојот подарок за сите вљубеници во убавиот разигран ритам“, изјави Влатко Лозаноски.

„Мандарината“ беше претставена вчера заедно со соодветен летен видео запис за кој се погрижија Горила продукција и режисерот Огнен Шапковски, кои оваа љубовна приказна ја снимија на неколку атрактивни локации како што се Вила Модерна во Охрид и  плажата Версус во Струга. Како изгледа и звучи новиот летен хит на Лозано можете да слушнете и видите горе. Уживајте!



Врати се горе ↑