16 декември, 2012

Погледнете ја „Љубовната религија“ на Јоце Панов

На 12-ти декември во Струмица се одржа промоцијата на новиот видео запис за нумерата „Љубовна религија“ на Јоце Панов. Видео записот се снимаше седум дена на неколку локации низ земјата под режисерската палка на Дарио Јанковиќ. Музиката и аранжманот на песната се на Кире Костов, а текстот е на Светлана Христова – Јоциќ. Спотот претставува документарец за најубавите локации кои природата и ги подарила на Македонија, проект кој се направи со поддршка од Југоисточниот реон. Во продолжение погледнете што сработија Јоце и неговиот тим.



Врати се горе ↑