29 октомври, 2013

Погледнете ја „Дона“ на Психомодо Поп

Легендарниот хрватски панк/рок состав Психомодо Поп годинава одбележува 30 години успешна кариера, а тоа ќе го направи и со нов албум, кој веќе го најавија со синглот „Злочестог пса“. Деновиве стигна и вториот сингл насловен „Дона“, чиј видео запис синоќа беше премиерно претставен на регионалниот музички канал MTV. Главната улога во новиот видео запис ја има Јудита Франковиќ, а членовите не бендот заедно со Радислав Јованов Гонзо визуализацијата за овој сингл ја снимија во цикрузот „Сафари код загребачког Вестгејта“.

Овој бескомпромисен состав и понатаму не се откажува од цврстиот пост-панк звук. „Дона“ е напишана пред триесетина години и отсекогаш имала потенцијал да им се придружи на познатите „Фрида“ и „Рамона“: „Дона е новиот сингл на генијалниот бенд Прихомодо Поп и затоа ако сакате животот да Ви помине во убавина и здравје, слушајте ја Дона“ – порачува познатиот фронтмен на бендот, Давор Гобац.



Врати се горе ↑