16 декември, 2015

Погледнете ја деветтата гала вечер „На иста адреса“

Во неделата вечерта се одржа деветтата гала вечер во шоуто „На иста адреса“, во чии рамки настапија преостанатите шест натпреварувачи Алмир, Марија, Валери, Марио, Александра и Стефан. Тие за првпат настапија со по две песни – по една самојстојна и по еден дует, а нивните изведби ги оценуваше жирито составено од Весна Бејби Петрушевска, Роберт Билбилов, Лидија Кочовска, Лила Стојановска и шоу биз полицаецот Боки 13.

Иако овој пат жирито имаше спротивставени ставови околу сценските изведби, поради позитивниот прогрес кој го покажаа финалистите, тие едногласно одлучија сите 6 кандидати да продолжат понатаму, односно да добијат можност повторно да нè освојат на 10. гала. Доколку ја пропуштивте минатонеделната гала, истата можете да ја погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑