21 август, 2014

Погледнете ја „Анакондата“ на Ники Минаж

Стигна долгоочекуваниот видео запис за вториот сингл со кој Ники Минаж го најавува нејзиното второ студиско издание насловено „The Pink Print“. Веќе имавте можност да ја слушнете песната насловена „Anaconda“, за која Минаж искористи семпл од еден од најпознатите хитови кои ги одбележаа деведесеттите години на минатиот век – песната „Baby Got Back“ од Сер Микс а Лот, а екранизацијата во режија на Колин Тили во која гостува и колегата Дрејк, се снимаше во Лос Анџелес. Официјалниот видео запис можете да го погледнете горе, а како се одвиваше снимањето „позади сцената“ погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑