22 декември, 2015

Погледнете го „Живим да те волим“ од Саша Ковачевиќ

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ е еден од најактивните музичари во регионов, особено кога станува збор за видео записите, кои ги објавува барем по еден секој месец. Најновата екранизација претставена вчера е за баладата „Живим да те волим“, чиј автор на музиката и аранжманот е грчкиот музичар Димитрис Декос, а текстот заедно со Саша го напиша Бане Опачиќ. Пејачот и овој пат одлучи да сними егзотичен спот, а за локација повторно го одбра прекрасниот Тајланд.

Се надевам дека колку-толку ќе ви ги загрееме овие зимски денови со она што ви го подготвивме и дека заедно ќе влеземе во новата година со една убава балада. Им благодарам на сите што придонесоа оваа песна и спот да изгледаат онака како што сакавме. Уживајте“, порача пејачот, а како изгледа и звучи целиот производ погледнете горе.

 



Врати се горе ↑