7 јули, 2014

Погледнете го „Жена над женама“ од Тони Цетински

Хрватскиот музичар Тони Цетински вчера премиерно го претстави својот нов видео запис за песната „Жена над женама“, чија музика и аранжман ги направи Миро Буљан, а за текстот му помогна Соња Буљан. По успешниот албум „Опет си побједила“ од 2012 година и бројните концерти настапи ширум целиот регион, „Жена над женама“ е одлична најава за новиот материјал кој Цетински го подготвува изминативе месеци. Видео записот во режија на Ренато Рениера се снимаше во прекрасниот град Ровињ, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Во рамките на неговата летна турнеја, Цетински има само еден настап во Македонија, на прилепскиот „Пиво Фест“ кој годинава се одржува од 17-20 јули.

 



Врати се горе ↑