13 мај, 2013

Погледнете го „Желим да се смејеш“ од Арт Дилер

Групата Aрт дилер на почетокот на месец февруари го најави враќањето на музичката сцена со синглот „Желим да се смејеш“, кој неодамна доби и свој видео запис. Автор на песната е гитаристот на бендот – Ненад Стојковиќ, додека аранжманот го потпишува целиот состав. Видео записот го реализираше продуцентската куќа Kan i Lingus, а режисерската палка му беше доверена на Младен Стојановиќ.

Ненад Стојковиќ, Марко Вељковиќ, Бојан Стевановиќ и Марко Благојевиќ со оваа нумера и видео запис го најавуваат новото поглавје во кариерата на Арт Дилер и го навестуваат завршувањето на вториот студиски албум, кој ќе го наследи доста успешното деби издание „Мирис јесени“. Видео записот за „Желим да се смејеш“ можете да го погледнете горе.

 

 



Врати се горе ↑