6 ноември, 2014

Погледнете го „Зар је крај?“ од Сергеј Четковиќ

Познатиот црногорски музичар, кој годинава ја претставуваше својата земја на Евровизија, Сергеј Четковиќ неодамна ја објави својата нова песна насловена „Зар је крај?“, која пристигна заедно со видео запис. Темата, која ќе се најде на неговиот шести по ред студиски албум, е комплетно авторско дело на Четковиќ, а се снимаше во студиото на Предраг Мартињак, кој се погрижи за аранжманот и продукцијата, додека миксот на песната го направи Миро Лесиќ.

Екранизацијата, исто така, ја осмислил самиот Четковиќ, а во реализацијата му помогнал директорот на фотографија, Душан Ивановиќ. Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑