16 мај, 2013

Погледнете го „Заборави“ од Хај Контрол

Секогаш енергичните тетовци од алтернативната инди – рок група Хај Контрол (High Control) повторно со нешто свежо и поинакво од нивната музичка кујна. „Заборави“ е името на новата песна која ќе се најде и на нивниот трет албум за чија музика и аранжман се погрижија токму тие и која Роберт, Игор, Гоце и Јосип ја нудат на македонскиот музички пазар.

Текстот за „Заборави“ го напиша Роберт Матовски, видео записот е снимен на падините на Козјак и е комплетно дело на познатиот тандем Владимир Дади Ивановски и Нена Зафирофска, а е изработен од Горила Продукција. Со оваа песна составот го најавува почетокот на едно напорно работно лето, во кое ги очекуваат многу настапи и концерти низ земјава, како и подготовка на многу нови музички проекти.



Врати се горе ↑