10 јуни, 2014

Погледнете го „Your Love“ од Никол Шерцингер

Како што е познато, некогашната членка на составот Пусикет Долс, Никол Шерцингер неодамна ја претстави својата нова песна насловена „Your Love“, за чија продукција беа задолжени Д Дрим и Трики Стјуарт, луѓе кои стојат позади хитови како што се  „Umbrella“ на Ријана и „Single Ladies“ на Бијонсе. А сега, за оваа песна стигна и очекувано „летен“ видео запис сниман на плажа, каде што фокусот е ставен на самата пејачка, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Уште од јануари, познато е дека 35-годишната пејачка работи на својот втор соло албум кој ќе го наследи „Killer Love“ од 2011 година, а во меѓувреме покрај актуелниот сингл, Шерцингер минатата година ја претстави и темата „Boomerang“.



Врати се горе ↑