11 мај, 2013

Погледнете го „Young & Beautiful“ од Лана Дел Реј

Лана Дел Реј е едно од имињата кои се најдоа на саундтракот за филмот „Големиот Гетсби“, а за песната која ја отпеа за овој филм деновиве пристигна и видео запис во режија на Крис Свини и Софи Мулер. Нумерата насловена „Young & Beautiful“ воедно е и прв сингл од овој саундтрак, чиј извршен продуцент е Џеј Зи. Видеото во кое Лана пее во придружба на голем оркестар можете да го погледнете горе.

 



Врати се горе ↑