21 март, 2014

Погледнете го „You Have Been Loved“ од Џорџ Мајкл

Британскиот музичар Џорџ Мајкл деновиве го објави неговиот шести по ред студиски албум насловен „Symphonica“, кој содржи оркестарски преработки на песни од различни изведувачи, а денеска се појави и видео запис за една од песните од неговиот трет студиски албум „Older“ од 1996 година.

Станува збор за концертното видео за песната „You Have Been Loved“ од двојната А-страна на синглот кој доаѓаше во пар со „The Strangest Thing ’97“, кој исто така се најде на споменатото издание. Оваа песна стигна до второто место на британските топ листи, а пред неа се најде само добро познатата „Candle In The Wind“ од Елтон Џон. Изведбата во живо на оваа песна е снимена за време на неговата актуелна турнеја „Symphonica“ во чии рамки го промовира истоимениот албум.

 



Врати се горе ↑