24 март, 2015

Погледнете го „Work Song“ од Хозиер

Младиот ирски музичар Хозиер го претстави видео записот за темата „Work Song“, којашто е петти сингл од неговото првенче „Hozier“, а топ листите започна да ги освојува на 16 март.

„Пред година дена фантастичната кореографка Џилијан Мејерс дојде до идеја за видео коешто ќе ја следи песната ’Work Song’. Јас уште во истиот момент бев обземен од нејзината визија, талент и посветеност на својата струка. Нејзините напори да ја претвори својата визија во реалност навистина ме восхитија. Денеска сум особено горд што можам да кажам дека соработував со некој од нејзиниот калибар и работна етика. Сите заслуги за ова видео одат на име на Џилијан Мејерс, режисерот Исак Равишанкара и сите неверојатно талентирани танчери и филмска екипа, коишто беа дел од снимањето“, изјави музичарот за новиот видео запис, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑