2 октомври, 2013

Погледнете го „Work B**ch“ од Бритни Спирс

Познатата поп принцеза Бритни Спирс неодамна го претстави првиот сингл со кој го најавува нејзиното осмо студиско издание, а песната насловена „Work B**ch“ вчера доби и свое видео издание. Порано годинава, пејачката изјави дека новиот албум ќе биде повеќе во хип-хоп стил, а меѓу соработниците се наоѓа и сè попопуларната хитмејкерка Сиа.  Како автори на новиот сингл се потпишуваат шведскиот диџеј и продуцент Себастијан Ингросо, кој е најпознат и како дел од триото Свидиш Хаус Мафиа, неговиот сограѓанин, шведскиот хаус диџеј Ото Ноус, ирската продуцентка и текстописец Рут-Ен Канингам, Ентони Престон и секако Вил Ај Ем, кој е и извршен продуцент на новиот албум на Спирс.

Во следните две години Бритни ќе има серија настапи во Лас Вегас, за кои интензивно се подготвуваше во изминатиов период. Токму овој ангажман веројатно беше инспирација за насловната фотографија на овој сингл, како и самиот видео запис кој можете да го видите горе.



Врати се горе ↑