22 август, 2013

Погледнете го „Woman’s World“ од Шер

Годинава не тргна баш најдобро за дивата која веќе половина век е присутна на музичката сцена. Имено, Шер (67) уште во декември минатата година го најави својот дваесет и шести студиски албум, првично закажан за март годинава, а тоа го направи со најавниот сингл „Woman’s World“, кој набрзо потоа беше отстранет од интернет, па повторно претставен на 18-ти јуни. Пејачката објасна дека причина за овие одложувања е тоа што нејзината издавачка куќа сакала да го објави новиот албум после летото, па новиот датум за изданието насловено „Closer To The Truth“ е 24-ти септември за САД и Канада, а 30-ти за интернационалниот пазар.

На изданието ќе се најдат 11 песни (17 на луксузното издание), од кои еден е дует со Џејк Шиарс, а две теми се потпишани од нејзината колешката Пинк. А сега, повторно со задоцнување, деновиве конечно излезе и видео записот за најавниот сингл „Woman’s World“, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑