18 декември, 2013

Погледнете го „Who You Love“ од Џон Мејер и Кејти Пери

Американскиот музичар Џон Мејер во август годинава го објави својот шести студиски албум насловен „Paradise Valley“, а како трет сингл со кој го најави ова издание беше претставена темата „Who You Love“, во која гостува неговата девојка и колешка Кејти Пери. Музичарите се потпишуваат и како автори на песната, додека продукцијата е на американскиот музичар, продуцент и басист Дон Воз, кој во својата долгогодишна кариера продуцирал и работел на преку 60 албуми од различни музичари.

За оваа соработка вчера беше претставен и видео запис во кој покрај Пери и Мејер се појавуваат вистински љубовни двојки, а за режијата беше задолжена Софи Мулер, која е позната по долгогодишните соработки со Софи Елис-Бекстор, Ноу Даут, Шаде, Шакира, Гарбиџ, Блур, Ени Ленокс, Јуритмикс и други. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑