13 март, 2013

Погледнете го „Whispers In The Dark“ од Мамфорд & Санс

Овогодишните добитници на Греми наградата во категоријата Албум на годината, британскиот бенд Мамфорд & Санс го претставуваат третиот сингл од награденото издание „Babel“, а изборот падна на песната „Whispers In The Dark“, чија продукција, како и остатокот од албумот, ја потпишува Маркус Дравс. Во симпатичниот видео запис како гости се појавуваат членките на поп триото ХАИМ(HAIM) кои гостуваа и на нивната турнеја, која Маркус Мамфорд ја нарече „најдобриот бенд на светот“. За режијата беше задолжен Џим Канти, а како тоа изгледа можете да видите горе.

Извор: Idolator

 



Врати се горе ↑