17 ноември, 2013

Погледнете го „What Now“ од Ријана

Ријана деновиве го претстави видео записот за нејзниот шести сингл од актуелниот седми студиски албум „Unapologetic“, кој го објави во ноември минатата година. Баладата насловена „What Now“ доби малку мрачен видео запис, а како изгледа тоа можете да видите горе.

25-годишната пејачка од Барбадос ќе настапи на овогодишните Американски Музички Награди кои ќе се одржат на 24-ти ноември во Лос Анџелес, а ќе ѝ  биде доделена наградата „AMA Icon Award“, која годинава ќе се додели за прв пат. Од продукцијата на овие награди велат дека „наградата Икона е создадена во чест на артисти чија работа има значајно влијание во поп музиката на глобално ниво. Иновативниот звук на Ријана ѝ овозможи да стане една од највлијателните и најпродавани артисти на сите времиња.“

На овогодишните АМА ќе настапат и имиња како што се Мајли Сајрус, Лејди Гага и Ар Кели, Џастин Тимберлек, Меклмор и Рајан Луис, Питбул со Кеша, а церемонијата ќе ја отвори Кејти Пери со изведбата на нејзиниот актуелен сингл „Unconditionally“.

 



Врати се горе ↑